Учење зборови на англиски јазик
Учењето на англиските зборови е основната и најлесната задача која ве очекува. Сепак, за голем број луѓе, учењето на англиските зборови знае да претставува голем проблем. Темелот на тој проблем е всушност погрешниот пристап на изучување на англискиот јазик, т.е лоша организираност.
За да го избегнете тој проблем треба само да размислите и да одлучите колку англиски зборови и во кој временски период би сакале да научите.
На пр: Да речеме дека за 3 месеци, Вие би сакале да научите 900 нови англиски зборови.
900 зборови / 90 дена = 10 зборови дневно
Значи, за да ја остварите својата цел и во рок од 3 месеци да научите 900 нови англиски зборови, секојдневно треба да учите само по 10 нови зборови. Тоа е сосема лесно и едноставно, зарем не? Секако треба да се држите до планот.
За жал, поголем број од луѓето тука знаат да застанат, не почитувајќи си го планот кои самите си го зацртале. Веројатно се прашувате зошто е тоа така, бидејќи секојдневното учење на само неколку англиски зборови е сосема едноставно.
Основната причина за откажување на својот план е всушност намалувањето или недостаток на мотивација.
За да не се доведете во таква ситуација, Ви препорачуваме да ја прочитате следнава статија: Мотивација за самостојно учење на англискиот јазик.
За учење на англиските зборови, исто така е многу важно секој ден да ги повторувате зборовите кои сте ги научили во претходните денови. Можете да ги пишувате, читате, вежбате, и на било кои начин секојдневно да ги употребувате. Најбитно е редовно да ги користите научените зборови, се додека трајно не ги запамтите.
Нашиот последен совет што се однесува до учењето на англиските зборови би гласел: “Немојте да се форсирате”! Подобро би било секој ден да научите по два-три нови англиски зборови, одколку секој ден да се форсирате да научете 50 англиски зборови. Во тој случај ќе се доведите до исцрпеност и најверојатно би се откажале по неколку денови.
Започнете да учите англиски јазик денес!