Сите статии

Мотивација за самостојно учење на англискиот јазик

Познато ни е дека главниот услов за успешно учење на англискиот јазик - редовно учење. Освен во случај ако не сте обврзани да посетувате некои часови по англиски јазик, потребно е да имате силна самомотивација за да го одржите таквиот континуитет на совладување на новиот јазик.

Мотивацијата може да биде внатрешна и надворешна. Внатрешната мотивација ја препознаваме во ситуации кога енергијата за следниот чекор се пронаоѓа во резултатите кои се очекуваат и кои следат. Таа е најмоќна и не поттикнува да дадеме се од себе, меѓутоа некогаш не е доволна.

Меѓутоа, доколку се разгледаат факторите на кои сме изложени во секојдневниот живот, во тој случај се јавува т.н надворешна мотивација. Тоа се ситуации во кои сме присилени на одредени чекори или промени, без разлика на нашето расположение, желби и планови. Во случај на учење на англискиот јазик, надворешни мотиватори може да бидат испити или ново работно место на англиски јазик.

Ви наведуваме неколку примери на создавање на надворешни стимулации:

  1. Комуникација на англиски јазик, форуми и друштвени мрежи. Пронајдете форум на тема која Вас ве интересира и започнете да ја пратите.
  2. Направите блог на тема за која се интересирате и на тоа место собирајте ги своите текстови. Значи, така не само што го учите јазикот, туку и станувате стручњак во својата област на интересирање.
  3. Испланиран одмор во Ирска или Англија? Зошто да барате помош од преведувач, повозбудливо е кога самостојно ќе се впуштите во разговор со жителите на земјата домаќин.
  4. Но, што ако слушнете за добра книга на англиски, која сеуште не е преведена на македонски јазик? Можеби Вие ќе бидете првите кои тоа ќе го направите!
  5. Истотака, можете себе да си поставите за цел полагање на испити како што се TOEFL или IELTS заради стекнување на меѓународен сертификат. Припремете се самостојно за испитите од тој тип! Доколку се помине добро, Вашите шанси за пронаоѓање на подобра работа би биле значајно поголеми!

Започнете да изучувате англиски јазик денес!

Креирајте бесплатна сметка и започнете да изучувате англиски денес!
Креирај сметка