8 алатки и совети за ефективно и самостојно учење на англискиот јазик
Време е да се запрашате:- Колкава е вашата самодоверба? Вашиот одговор би требало да биде:- Имам премногу самодоверба, тотално сум самоуверен/на. Доколку сето ова е вистина, знаете дека дефинитивно можете самостојно да научите англиски јазик, се согласувате? Одлично! Од причина што каде и да посакате да патувате, англискиот јазик може да биде вашата најголема вештина во комуникацијата со други луѓе. Доколку имате доволно самодоверба, можете секако да ги прескокнете скапите курсеви и дебелите учебници на англиски јазик, во целост и на свој начин да одлучите да започнете со изучување на англискиот јазик.
Бидете независни во учењето на англискиот јазик!
Многу ученици не се согласуваат во врска со прашањето околу самостојно учење на англискиот јазик. Но, лесно би можеле да видите дека сите неопходни ресурси ви се достапни токму во својот дом. Интернетот, не само што е најдобриот извор за учење на англискиот јазик, туку и најлесен начин за учење дома, во било кое време од денот. Па, и не е потребно да бидете цело време дома за да учите. Откако ќе ги направите потребните забелешки можете слободно да ги понесете со себе и да учите каде што ќе посакате. Најдобрата работа кај независното учење е тоа што секогаш можете да учите според ритамот кој ви одговара. Не мора да ги следите часовите на инструкторот или пак напредокот на останатите членови во групата. Можете секако да учите на начин кој најмногу ви одговара, се разбира за возврат ќе добиете ефективни резултати и искуства со кои ќе бидете горди на себе.
8 начини да се мотивирате за самостојно учење
Како да станете независни во учењето? Нашиот совет е да пронајдете начин кој најмногу би ви одговарал, а во кој истовремено и ќе уживате. Ова би требало да ве мотивира, се додека не станете подготвени да пронаоѓате и други начини за самостојно учење. 8 начини да започнете со учење, денес:
1. Слушајте музика и научете ги текстовите на песните
Сите ја сакаат музиката. Меѓутоа, како би го научиле англискиот јазик? Потребно е да се придржувате до текстот на песните кои се на англиски јазик. Кои се вашите омилени песни во овој момент? Дали ги обожавате музичарите како Ed Sheeran-a и Maroon 5-a? Вежбањето со омилените песни е доста корисно бидејќи ги слушате во својот автомобил, во продавница, трговски центар итн. Можете да ги слушнете и на англиските радио станици или пак онлајн. Што се однесува до музичкиот жанр, најдобро е да избегнувате рок и рап песни, бидејќи зборовите буквално се нејасни (премногу брзи и тешко се разбираат). Тој контекст на текст не е добар за вежбање на вашиот изговор и дикција.
2. Гледајте видео инсерти на англиски јазик, кои ве интересираат
Секако, гледањето на интервју и видео инсертите може дополнително да ви помогне околу начинот на комуникација со англискиот јазик - како и вие би требало да комуницирате со други луѓе. Не би требало формално да го гледате интервјуто или видеото. Можеби повеќе тежнеете кон технологијата и сакате да дознаете околу моделот за некој производ. Ова е истотака можност да ги слушнете карактеристиките на некој производ и тоа на англиски јазик. Доколку ги обожавате филмовите, можете да ги гледате интервјуата со омилените актери. Да речеме гледањето на “Вистина или лага” со Johnny Depp? Во суштина, не е битно дали интервјуто или рецензијата е од неодамна, битно е дали слушате и учите од англиската содржина.
3. Гледајте англиски филмови и ТВ серии
Гледањето на англиските филмови и ТВ серии истотака помага во подобрување на изговорот и разбирањето на англискиот јазик. На тој начин, можете да слушнете многу луѓе како меѓусебно разговараат, користејќи најактуелни англиски изрази. Ова ќе ви помогне да ги научите често користените сленгови, англиски идиоми и фрази, но и да го проширите својот англиски речник. Ако ви е тешко да разберете што зборуваат актерите, пробајте на самиот почеток да користите превод. Кога зборовите ќе ви станат појасни, тргнете го преводот и тестирајте го вашето разбирање на англискиот јазик.
4. Тестирајте ја вашата граматика со онлајн квизови на англиски јазик
Проблемот кој може да се појави во текот на самостојното учење е тоа што можете да ги увидите грешките кои ги правите. Од друга страна, поради тоа самостојното учење на англискиот јазик е одлично, бидејќи можете секогаш да проверувате каде сте згрешиле. За самостојните ученици, секогаш ќе постои прашањето “Дали бев во право?” Едноставен начин да се преиспитате себе, е да направите бесплатни онлајн тестови. Овие квизови ќе ја тестираат вашата граматика, конструкцијата на речениците, разбирањето и многу др.работи. Направете ги овие квизови на неделно или месечно ниво, за да бидете сигурни дека сте на прав пат.
5. Разговарајте со пријателите на интернет
Разговорот со пријателите на интернет е истотака забавен начин за да научите самостојно дури и без голем напор. Се разликува од разговор со наставник или учење на час, од употребата на англиски јазик на работа бидејќи се чувствувате релаксирано и јазикот ви делува поедноставно. Можете да разговарате на Facebook, Messenger, Twitter или пак гласовни повици на WhatsApp. Разговарањето е исто одличен начин за учење на англискиот јазик, затоа што се што учите го применувате на едноставен и безгрижен начин. Со пишување на тастатурата, можете да ги проверите граматичките грешки пред да го притиснете копчето enter. Со говорните повици онлајн, вие ја вежбате вашата конверзација на англиски јазик. Дополнително, наведувањето на вашите пријатели да разговарате на англиски јазик, претставува додатна мотивација за вас. Не само што можете да им покажете дека вашиот англиски е се подобар, туку се чувствувате и задоволни бидејќи можете слободно да разговарате со нив на англиски јазик во било кое време.
6. Читајте електронски книги, статии и онлајн списанија
Читањето е подеднакво важно како и слушањето во текот на изучувањето на англискиот јазик. Читањето и слушањето го изоструваат умот и воедно ве тренираат да размислувате на англиски јазик. Кај луѓе, чии мајчин јазик не е англискиот, секогаш преводот го размислуваат првенствено вглава, па затоа одложуваат со одговорот. Меѓутоа доколку умот е трениран да размислува на англиски јазик, разбирањето и разговорот имаат полесен тек. Како што читате повеќе, се повеќе сте изложени на структурата на англиските реченици, новите зборови и формалните и неформалните говорни обрасци. Во овој случај, слободно можете да изберете помеѓу големиот број реченици кога ќе почнете да зборувате на англиски јазик. Интернетот претставува богата ризница на е-книги на англиски јазик, статии и списанија. Пронајдете го изворот на темата за која се интересирате. Дали сте повеќе склони кон готвење, градинарство или пак сакате да читате за нечии врски? Можете да читате, за што и да посакате бидејќи секој нов или пак стар научен збор, би претставувал дополнително знаење и вежба за вас.
Започнете да учите англиски јазик денес!
7. Запишувајте за што размислувате?
На крајот, потребно е да го повторите сиот матерјал што сте го учеле. Одличен начин, сепак е да запишете нешто по свое нагодување. Тоа не е потребно да биде онлајн објавен параграф, едноставно можете да започнете со водење на свој дневник. Кога пишувате нешто по свој избор, го употребувате целото ваше знаење. Колку знаете од англиска граматика, вокабулар и воопшто вашето разбирање на англискиот јазик? По пишувањето, проверете ја вашата запишана работа и проверете дали има некои грешки. Најдобро е да го преведите вашиот труд во некоја датотека за да може да користите програми за проверка на граматички грешки.
8. Зборувајте англиски било каде и да одите!
Вежбањето и учењето англиски јазик, не би требало да биде ограничено на куќата и луѓето кои ги познавате. Доколку се наоѓате во држава, со англиско говорно подрачје и одете во трговски центар да купете нешто, поразговарајте со продавачот/та и немојте да се чувствувате нервозно поради тоа! Подгответе се пред да излезете од куќата и побарајте го вокабуларот, неопходен за поставување прашања и купување на таа работа. Ова ќе ви помогне да објасните што сакате, но и да ги разберете одговорите што ќе ги слушнете. Исто додека се распрашувате за некоја услуга или производ преку мобилен, зборувајте англиски. Потрудете се да зборувате англиски што можете повеќе. Било каде да се наоѓате или имате во план да одите, иако личноста со која разговарате не го владее добро англискиот јазик. Се е прашање на комуникација!
Самостојното учење е привремено!
Немојте, погрешно да ме разберете! Самостојното учење не е воопшто лесно, но дефинитивно е изводливо. Со голем труд и одлучност, претставува голем предизвик кој можете да го надминете. Секогаш ќе мора сами да се охрабрувате и мотивирате. Давајте си себе си поддршка и секојдневно потсетувајте се “ Зошто би сакале да научите англиски јазик?”. Поставената цел исто, ќе ве поттикнува да одите понатаму. Можете да си поставите цел на неделно ниво на пример: “можам да научам 20 нови зборови”, или “ можам да разговарам со пријател/ка на англиски јазик”. Сметам дека овие алатки и совети ќе ви помогнат да останете мотивирани. Вие можете да успеете во тоа! Верувајте!