Како моите деца да го започнат учењето на англискиот јазик, дома?
Многу родители би сакале да ги научат своите деца англиски јазик, дома. Но, не знаат како да почнат. Не е воопшто битно ако вашиот англиски не е совршен. Најважното е да бидете полни со ентузијазам и да им дадете на своите деца многу пофални зборови и охрабрувања.
Вашето дете ќе се воодушеви од вашиот ентузијазам за учење на јазикот. И не грижете се доколку вашето дете не го прозбори англискиот јазик веднаш. Потребен им е одреден временски период да го апсорбираат јазикот. Бидете стрпливи, тие ќе го прозборат англискиот јазик кога ќе го почуствуваат природно.
Создадете рутина!
Создадете рутина и одвоите време за англиски во вашиот дом. Најдобро е да имате кратки, почести сесии одошто долги и ретки. Петнаесет минути се доволни за многу мали деца. Како што расте вашето дете и неговата способност за концентрација се зголемува ќе можете постепено да ја зголемувате должината на сесиите. Држете се до кратки и разновидни активности за да го задржите вниманието на вашето дете.
Одредени активности обидете се да ги работите секојдневно и во исто време. На децата им е поудобно и чуствуваат повеќе самодоверба кога знаат што да очекуваат. На пример, би можеле да играте некоја англиска игра, секој ден после училиште или да читате англиска приказна со вашето дете секоја вечер пред спиење. Доколку имате повеќе место во домот, можете да направите англиски агол во кој ќе чувате се што е поврзано со англискиот јазик, како на пр: книги, играчки, DVD или работи кои ги направиле вашите дечиња. Повторувањето е клучно - во суштина децата мораат да ги слушнат зборовите и фразите неколку пати се додека не се почуствуваат сигурни за сами да ги изговораат.
Користете секојдневни ситуации
Предноста во подучувањето на англискиот јазик дома е тоа што можете да користете секојдневни ситуации и реални предмети во и надвор од домот, да го вежбате јазикот природно и според контекстот. На пример:
- Разговарајте за облеката додека вашето дете се облекува или кога ја средувате облеката [“Let’s put on your blue socks”, “It’s Dad’s T-shirt”, etc.].
- Вежбајте зборови за играчките и намештајот кога му помагате на детето да ја исчисти својата соба [ “Let’s put your teddy bear on the bed!”, “Where is the blue car?”].
- Подучувајте го речникот за храната која ја готвите или пазарувате. Кога одете во супермаркет, листата со работите што треба да ги испазарите дајте му ја на вашето дете [користете слики и зборови во зависност од неговите години]. Повторувајте ги англиските зборови на намирниците кога ги распакувате дома.
Користете приказни
Малите деца обожаваат книги со светли бои и примамливи илустрации. Гледајте ги сликите заедно и изговарајте ги зборовите на англиски додека ги покажувате на сликите. Подоцна може да побарате од вашето дете да ви покаже различни работи, на пример:-”Where is the cat?”. По некое време охрабрете ги да ги изговорат зборовите такашто ќе ги запрашате: -”What is that?”. Со самото слушање на приказната вашето дете ќе се навикне на звуците и ритамот на англискиот јазик.
Започнете да учите англиски јазик денес!
Користете песни
Песните се доста ефективен начин на учење нови зборови и подобрување на изговорот. Песните кои вклучуваат одредени дејства се посебно добри за многу мали деца бидејќи се во можност да се приклучат иако сеуште неможат да ги пеат. Дејствата најмногу можат да го демонстрираат значењето на тие зборови во песната.
Постојат многу забавни, анимирани песни кои можете да ги слушате со вашите деца.
Кои зборови и фрази треба да ги научам прво?
Кога одлучувате за теми за кои ќе учите, земете го во обзир интересот и личноста на вашето дете и секако дозволете му да ви помогне во одбирањето. Можеби би сакале да започнете со некои од следниве теми:
- Броеви [1-10; 10-20; 20-100;]
- Бои
- Придавки [пр: големо, мало, високо, среќно, тажно, уморно]
- Делови на телото
- Играчки
- Облека
- Животни [пр: домашни миленици, животните на фармата, дивите животни]
- Храна
Многу е важно вашето дете да навикне да одвојува време за англискиот јазик така што ќе ги користете истите фрази со вашето дете секој пат, на пр: “It’s English time! Let’s sit down. Which song shall we start with today?” Децата набргу ќе ги присвојат фразите како што се Please; Thank you; Can I have….?; Where is…? Point to …; What colour is it?; It’s…; I like…; I don’t like…
Било кој пристап да го изберете, најважната работа е да се релаксирате, забавувате и учењето англиски да го направите пријатно искуство за вас и вашето дете.