Сите статии

4 причини зошто учење англиски онлајн е подобро отколку во училница

Многу луѓе прашуваат “ Можам ли да научам англиски онлајн?” Во ова време, одговорот е “Апсолутно може”

Традиционално, луѓето учат јазик во училница или преку претопување во земја или регион каде тој јазик се зборува. Како и да е, Интернетот го промени сето ова.

Има илјадници интернет страници, програми и видеа достапни онлајн кои ќе Ви помогнат во се’. Може да запамтите англиски вокабулар, да го снимате и слушнете Вашиот изговор дури и да имате часови во живо со наставник.

Интернетот навистина отвори еден нов свет на учење, особено за оние кои сакаат да научат англиски. Дури нуди многу други бенефиции кои учењето во училница не ги овозможува.

Причини за учење англиски онлајн

1. Можете сами да си правите распоред

Една од најголемите предности на учењето англиски онлајн е тоа што можете да го правите тоа кога Ви одговара Вам.

Можеби работите навечер па затоа не можете да присуствувате на вечерен час или можеби одите на универзитет преку ден па не можете да го ставите часот по англиски на распоредот.

Со Интернетот, како и да е , можете да учите според Ваш распоред. Не само што имате 24/7 пристап до интернет страните и ресурсите туку исто така можете да имате час со тутор на Скајп дури и да одите на курс по англиски.

2. Помалку стрес

Многу од нас имаат трема кога треба да зборуваат на англиски пред луѓе. Можеби се срамите поради изговорот или поради ограничениот вокабулар или се плашите да не направите грешка. Тоа е многу нормално. Ако учите ангиски онлајн нема да го имате овој страв.

Може да вежбате зборување и изговор без да се плашите или да изгледате смешно. Може да работите со наставник еден на еден што Ве ослободува од грижата да не се збуните пред другите ученици.

3. Имате моментален пристап до речници и слики

Кога учите онлајн, имате многу лесен пристап до помошни ресурси како што се онлајн речници и слики.

На пример, можеби читате статија и го сретнувате зборот трема. Не знаете што е тоа трема па затоа барате и гледате слика и веднаш Ви станува јасно што е тоа! Тоа е навистина прекрасна можност да ја имате таа опција.

Има и фантастични онлајн речници вклучувајќи ги и оние за луѓе што учат англиски како што е речникот Merriam-Webster’s Learner’s Dictionary.

Ако веќе учите нешто онлајн како што е слушањето на разговор или решавање на граматичка вежба, можете лесно да отворете друг прозорец на пребарувачот и да го напишете зборот што не го знаете.

4. Ви дава автентични материјали за слушање

Интернетот е рудник со злато за автентични материјали за слушање на англиски - од американски филмови до илјадници песни до предавања од универзитет. Има по нешто за секое ниво и за секој интерес.

Ако учите англиски во училница често користете материјали како што се работни листови или дијалози направени од издавачи на книги. Тие можат да Ви бидат од помош но Интернетот Ви дава пристап до вистински материјали – вистински луѓе кои зборуваат, луѓе кои зборуваат за теми за кои сте заинтересирани.

И ако учите на Интернет, можете да имате пристап до тие материјали веднаш!

Започнете да изучувате англиски јазик денес!

Креирајте бесплатна сметка и започнете да изучувате англиски денес!
Креирај сметка