Како да научете англиски преку зборување дома: 5 забавни и лесни идеи
Зошто да учете англиски од дома?
- Удобно е. Нема друго место на светот каде што можете комплетно да се релаксирате. Не мора да се грижете за тоа како сте облечени, дали доцнете на час или одговарате на прашањата точно. Кога ви е удобно поуспешно учете.
- Погодно е. Нема потреба да ја напуштете куќата и да патувате до друго место. Можете да учете кога и да сакате. Ве прави продуктивни. Наместо да не правете ништо дома можете да го користете слободно време за да бидете продуктивни. Ќе бидете зачудени од тоа колку брзо ќе научете за она слободно време со кое располагате.
- Не создава притисок. Дома учете без никаков притисок. Го следете своето сопствено темпо на учење без да се грижете дали ќе бидете во чекор со Вашите соученици или не. Ако нема притисок ќе чувствувате леснотија во учењето.
- Пријатно е. Всушност, изненадувачко е тоа што има многу работи кои можете да ги направете од дома за да научете да зборувате англиски и ќе Ви биде интересно додека ги правете. Нема потреба да се споменува дека ќе го обожавате фактот дека не мора за тоа да платите ни цент.
5 забавни и лесни начини како да научете англиски преку зборување во Вашиот дом
1. Зборувајте со пријателите онлајн
Има ли подобар начин да научете да зборувате англиски од учењето со пријатели? Наместо да се допишувате со нив преку тастатурата, зошто не им се јавете или не се снимате на видео? На овој начин можете да вежбате зборување на англиски на разговорен начин. Ова ќе биде добро вежбање и за двајцата.
2. Јавете се во центар за поддршка за корисници
Не мора да имате вистинско прашање или жалба за да се јавете во центар за поддршка на корисници. Но, за да научете да зборувате англиски, преправајте се дека имате. Повеќето од големите, интернационални компании имаат претставници кои зборуваат на англиски. Сметајте го тоа како бесплатен час по англиски.
Еден начин за да го направете ова е да прашате прашања поврзани со нивните производи:
Hi, I recently bought your anti-aging skin cream. I like it, but I find it too oily for my skin, would you recommend anything else?
Потоа можете да продолжите да прашувате за други производи кои ги имаат и да продолжете да кажувате какви производи барате.
Доколку не сте расположени да прашувате за производите секогаш можете да прашате за нивната политика за враќање на парите или враќање на производите. Во тој случај можете да почнете со:
I recently bought a shirt, but it doesn’t fit right. What’s your return policy?
Од овде, веќе сте почнале разговор со претставник од поддршка за корисници.
3. Снимајте се
Снимањето на самите себе ќе Ви помогне да ги дознаете Вашите грешки при изговорот.За да се снимате може да го користете Вашиот смартфон, таблет или лаптоп.
Едноставно, почнете со наоѓање на дел што сакате да го читате и потоа отворете го снимачот на звук на Вашиот уред за да почнете да се снимате.
Снимањето на својот глас е првиот чекор. Најважниот чекор е да проверете дали сте ги изговориле зборовите точно.
Продолжете да ги снимате Вашите сесии по зборување на англиски дома се’ додека совршено не го читате делот. Потоа, може да продолжите со друг дел и да се предизвикате самите себеси со понапреден вокабулар.
4. Запаметете ги Вашите омилени фрази од филмовите
Веројатно имате неколку омилени филмови што сакате да ги гледате повторно и повторно. Овој пат, можете да уживате повеќе со тоа што ќе зборувате како да сте и Вие дел од филмот. Зборувајте заедно со актерите и не заборавајте да зборувате со емоции.
Ги предложуваме класичните американски филмови што можете да ги гледате подоцна ако немате нешто друго на ум. Исто така, доколку имате потешкотии во идентификувањето на зборовите што ги кажуваат, секогаш можете да го најдете транскриптот на Гугл.
Транскрипт е целиот текст од филмот па можете да ги следите дијалозите од таму. На пример, ако сакате да ги кажувате фразите на Том Круз од ,,Неколку добри луѓе” напишете ,,Неколку добри луѓе” транскрипт во полето за пребарување на Гугл.
5. Направете аудио блог
Аудио блог е вид на блог со подкасти каде што се снимате за други луѓе да Ве слушаат. Може да зборувате за било што: критика за филм, да споделете приказни, да дадете мислење и слично. Откако ќе се снимате, можете да го прикачете на Вашиот блог и да дозволите други луѓе да слушнат што имате да кажете.
Ако имате пријатели на кој англискиот им е мајчин јазик, прашајте ги да Ви дадат конструктивна критика. Ова значи дека тие ќе Ви дадат совет за изговорот,пофалба и начини за подобрување како да научете да зборувате англиски од дома.
За да направете аудио блог, започнете со бесплатен блог (пробајте со Blogger или Tumblr). Потоа користете било каков снимач на звук што го имате и снимајте ги фајловите од самите себе како зборувате. Прикачете ги на Вашиот блог и објавете ја објавата. Та – дам!
Започнете да учите англиски јазик денес!