4 чекори за веднаш да го подобрите вашиот англиски изговор
Правилниот изговор е една од најтешките работи за учење во секој јазик. Користете ги овие 4 чекори за да ја зголемите вашата сигурност во изговорот денес!
1. Слушајте многу внимателно
Не можете да го подобрите изговорот со читање на англиски. Треба да слушнете како се изговараат зборовите. Користете подкасти, аудио книги или музика. Слушајте многу внимателно како секој збор е изговорен од некој на кој англискиот му е мајчин јазик. Вежбајте имитирајќи го акцентот на говорникот. Постојат многу аудио/видео лекции кои се специјално дизајнирани да ви помогнат да работите на вашиот изговор.
2. Слушајте се себеси многу внимателно
Една работа е да ги слушаш малите разлики на акцентите на некој што англискиот му е мајчин јазик, но многу е потешко да го копирате во вашиот говор! Одличен начин да го направите ова е да се снимате додека зборувате англиски и да се слушате после. Кои зборови сѐ уште звучат како да ги кажувате со акцент на мајчиниот јазик? Можете ли да посочите што точно со изговорот не звучи сосема исправно.
3. Обрнете внимание на нагласувањето и интонацијата
Како општо правило, повеќето зборови во англискиот јазик се нагласуваат на вториот слог од назад, па ако се обидувате да кажете нов збор, обично најбезбедно е да го пробате тоа. Сепак, не сите зборови во англискиот јазик ја следат истата шема и некои зборови често може да го променат нивното значење во зависност од тоа на кој слог го нагласуваме. На пример, земето го зборот “present”. Кога ќе го изговарате “PREsent”, тоа или значи подарок (“I brought you a present for your birthday”), или дека некој/нешто е во собата (“She was present at the meeting”). Кога ќе го изговарате “preSENT”, станува глагол, што значи да покаже или да даде нешто на некој (“I would like to present my new painting”). Многу е важно ова да е точно, со цел да зборуваме течно.
Започнете да учите англиски јазик денес!