Сите статии

Тестови за англиски јазик – TOEFL, IELTS, PTE & TOEIC: разлики

TOEFL

Исто така е познат како тест за англиски јазик како странски јазик. Овој испит е моментално најчестиот испит за говорителите на англискиот јазик како странски јазик. TOEFL се бара на повеќето колеџи и универзитети во САД и Канада и во други земји каде англискиот е официјален јазик. Покрај тоа, има веројатност и владини агенции, тела за издавање лиценци, бизнис и стипендиски програми да бараат положен ТОEFL. Моментално, поените од TOEFL се валидни две години и потоа следува повторна евалуација после периодот од две години.

TOEFL испитот прво бил администриран во 1964 година и го полагале повеќе од 23 милиони ученици од тогаш па наваму. Има две најчести форми на тестот, Интернет верзија (IBT) и хартиена верзија (PBT). Интернет верзијата се состои од четири дела: читање, слушање, зборување и пишување. Хартиената верзија исто така се состои од четири дела: слушање, структура и писмено изразување, разбирање на почитаното и пишување. Интенет верзијата има вкупно 120 поени додека хартиената верзија е помеѓу 310-667 поени.

Подготви се за TOEFL онлајн ↗

IELTS

Исто така е познат како интернационален систем за тестирање на англиски јазик. IELTS е администриран од ESOL испитувањата од Униврзитетот во Кембриџ. Британскиот конзулат и IDP Образование. Има две примарни верзии на IELTS: академската верзија и верзијата за општа обука. Впрочем, академската верзија е наменета за студенти кои сакаат да се запишат на универзитетите или на други високо-образовни институции, исто и за медицински професионалци како што се доктори и медицински сестри кои треба да работат или студираат во некоја од земјите каде англискиот јазик е официјален. Верзијата за општа обука е наменета за оние кои сакаат да се стекнат со работно искуство или чисто поради имиграциски цели.

Слично како кај TOEFL, поените од IELTS важат две години, Додека и двете верзии и академската и верзијата за општа обука се разликуваат по содржината, нивната структура е иста која го дели тестот на три дела: слушање (40 минути), читање (60 минути) и пишување (60 минути). Назнака се дава заедно со поените рангирајќи ги кандидатите од оние со највисоки поени “Eксперт Корисник” до оние со најниски поени “Не корисник”. Топ три земји каде тестот се администрира се Кина, Индија и Пакистан.

Подготви се за IELTS онлајн ↗

PTE

Новот Пирсон тестот за ангиски јазик стартуваше во октомври 2009 година. Главните разлики во однос на TOEFL се:

Слично со TOEFL тестот, Пирсон тестот за англиски јазик ги тестира сите четири делови: читање, пишување, слушање и зборување.

Подготви се за PTE онлајн ↗

Започнете да учите англиски јазик денес!

Креирајте бесплатна сметка и започнете да учите англиски денес!
Креирај сметка

TOEIC

TOEIC е акроним за тест за англиски јазик за интернационална кумуникација. Како што е цитирано на интернет страната: ,,TOEIC е тест за англиски јазик дизајниран специфично за да ги измери вештините за секојдневна употреба на англискиот јазик за луѓе кои работат во интернационална околина.” Системот на бодување има од 10 до 990 поени и тестот трае два часа и се состои од повеќе понудени опции и тестира разбирање од слушнатото и прочитаното.

TOEIC дава сертификати на оние кои ќе го полагат тестот со различни бои за разликување на постигнатите вештини. Во 2006 нов TOEIC бил објавен со подолги параграфи за читање и исто така и говорители на англиски јазик од Британија, Австралија и Нов Зеланд додека претходниот тест вклучувал само американски говорители.

Подготви се за TOEIC онлајн ↗