Сите статии

5 главни предности во изучувањето на англискиот јазик

Учењето на нов јазик, секогаш е одлична идеја. Тоа ви носи неверојатни бенефиции кои се и научно докажани. Еден од најкорисните јазици за изучување секако е англискиот јазик.

Во денешно време, ширум целиот свет 1,5 билиони луѓе го зборуваат англискиот јазик. Тој е вообичаен избор во многу земји и главни индустрии. Можеби во суштина би се изненадиле кога би дознале дека некои земји се подостапни заради поголемото ниво на знаење на англиски јазик. Токму од тие причини учењето на англиски јазик има неизмерни и огромни бенефиции.

1. Овозможува поголема профитабилност

Светот можеби нема јазик на глобално ниво, па затоа англискиот е вообичаена опција за многубројните начини на комуникација ширум целиот свет. Во основа, првиот бенефит е токму учењето на англиски кој значително го зголемува потенцијалот за вработување. Не само што претставува примамлива вештина на вашето резиме, туку и статистички докажува дека го зголемува вашиот потенцијал за вработување.

Во 2020 година, тие што го владееле течно, вториот т.е странски јазик можеле да очекуваат зголемување на платите од 10% до 15%.

Во следните три области, англискиот е неопходен јазик:

a. Бизнис

Глобализацијата го поттикна јазикот во области на светот, кадешто во спротивност не би можела да успее. Една неодамнешна студија Linkedin-a, откри дека 90% од директорите, т.е директори на компании и маркетинг директори се вработени токму од причина заради знаењето на англискиот јазик, како неопходен дел во нивните бизниси. Веројатно тоа го потврдуваат од причина што долго време се чувствувало влијанието на англискиот јазик во деловниот свет.

b. Наука

Науката истотака е многу фокусирана на англискиот јазик. Со нови термини и објавени статии кои најверојатно ке се појавуваат на англиски јазик, укажува во целост дека учењето англиски јазик има неизмерни придобивки.

c. Интернет

Од самиот почеток во две англиско ориентирани држави [Велика Британија и САД], интернетот заземал поголема предност пред англиските говорници. Од тие причини придобивките во изучување на англискиот јазик даваат моментално до 55% пристап на сите достапни матерјали на мрежата.

2. Еден од најдобрите јазици за комуникација при патување

Доколку сметате дека знаењето на англискиот јазик може да ве однесе само на места како САД, Велика Британија и Канада, имаме одлични вести за вас! Постојат преку 50 земји, ширум светот во кои се зборува англискиот јазик. Во многу градови посебно во Европа, англискиот го зазеде второто значајно место благодарение на туристите кои имаат голем удел во општеството. Дури на места како што е Кина, неколку милиони од 1,3 билиони луѓе зборуваат англиски. Постојат добри шанси да комуницирате со луѓе во градови каде што се зборува англискиот.

Започнете да учите англиски јазик денес!

Креирајте бесплатна сметка и започнете да учите англиски денес!
Креирај сметка

3. Станете подобри во пишувањето

Еден од најдобрите начини како да разберете еден странски јазик е пишувањето. Што повеќе пишувате, се повеќе сте поблиску до самиот нов јазик. Оваа метода помага во подобро разбирање на книгите и ја подобрува вашата креативност.

Во училница, пишувањето помага да се стекне основата на новиот јазик. Сетете се на вашите најмлади години поминати во образование. Колку често ја пишувавте азбуката или основни реченици? Истото важи и кога учите како возрасни луѓе. За возврат, редовниот труд со составување на мали и едноставни реченици ќе ви помогне полесно да го изградите вашето знаење. Едноставните зборови со време ќе станат посложени и наскоро ќе ги знаете описните зборови потребни за да станете креативен писател.

Како и кога сакате да станете музичар, со вежбање на многу часови ќе се соедините со вашиот инструмент. Истото важи и со англискиот. Започнете да учите уште денес со пишување и набрзо ќе ги увидите резултатите.

4. Уживајте во класичната литература и филмовите на мајчин јазик

Во претходните неколку векови, многу светски класични трудови во сверата на филмот и литературата се создадени на англиски јазик. Лесно можете да дојдете до преведените копии, но секогаш нешто чудно се чувствува околу финалниот производ. Истото може да се каже и за класичните дела кои се преведени на англиски. Овие видови на груби преводи, доведуваат до слабо оценување на некои големи дела создадени од англиските уметници. Од Шекспир па до Стивен Кинг, од Хичкок до Скорсезе, за да се почувствува одличната работа во сверата на филмот и литературата најдобро е да ги искусите на својот изворен јазик.

Слично на тоа, еден од корисните начини за полесно совладување на англискиот јазик е и разбирањето на поп културата. Доколку учите од некои најнови филмови креирани во денешно време, моментално себе си си задавате тема во која исто така се пронаоѓаат милиони луѓе. Ова исто ви дава повеќе можности за вежбање и разговор.

5. Предности за имиграција

Доколку не зборувате англиски, тоа насочува на сериозен недостаток. Доколку би имале желба да станете граѓанин на САД, морално е да го поминете тестот по англиски. Меѓутоа влезот во одредена земја не е единствената придобивка од знаењето на англискиот јазик.

Пронајдувањето на работа е тешко, и покрај тоа што зборувате англиски јазик. Без него, пазарот на трудот станува уште потесен. Ова може да предизвика голем напор во вашите финансии и квалитет на живот. Понатаму, вашето пронаоѓање во секојдневниот живот исто така може да ви донесе дополнителни проблеми. Замислете дека ви е неопходно да одите до продавница, автобуска станица или болница без разбирање на англиски јазик.

Во некои фамилии, не зборува секоја генерација англиски јазик кога доаѓа во нова држава. Доколку и кај вас е истиот случај, најдобро е да ги упатите своите најблиски. Научете ги постарите генерации, некои зборови на англиски јазик и видете како им се подобруваат деновите, ќе се почувствуваат корисни во извршувањето на домашните обврски и другите семејни активности.