Сите статии

Карактеристики на англискиот јазик

Колку сте посвесни за она во што се вовлекувате и колку појасно гледате што носи владеењето на нов јазик, толку поплодни ќе се вашите напори. Ова е причината зошто ги организиравме сите важни карактеристики на англискиот јазик во едно место. Со цел подобро да демонстрираме некои аспекти, го споредуваме англискиот со германскиот јазик.

Англискиот е многу едноставен јазик. Во просек, збор на англиски е пократок од истиот збор на германски. Тоа е затоа што глаголите, именките и придавките во англискиот јазик немаат завршеток. Но, не заборавајте дека трето лице еднина има суфикс –s (во present simple tense), на пример, „He speaks”. Дополнително, има многу повеќе зборови со 3-4 букви во англискиот отколку во германскиот јазик.

Не постојат ‘Du’ или ‘Sie’ форми во англискиот јазик – идиомска стапица проблематична за сите оние на кои германскиот јазик не им е мајчин јазик е изборот помеѓу формалниот ‘Sie’ или пријателскиот ‘Du’ кога им се обраќаат на луѓето.

Во англискиот јазик практично нема деклинации и конјугации, па оние кои сакаат да научат поедноставни, но граматички точни реченици, немаат многу проблеми.

Има 19 германски еквивалнтни зборови за англиската присвојна заменка „your”. Има само еден дефинитивен член во англискиот јазик, а во германскиот има три. Повеќето англиски зборови имаат повеќе значења, што може да биде предност за учениците бидејќи, во зависност од контекстот, значењето на зборот се менува, како и пораката што го содржи. Сепак, ова може да биде збунувачки за почетниците.

Именките во англискиот јазик не се пишуваат со голема буква. Исклучоци се:

Постојат многу хомоними во англискиот јазик. Хомоними се зборови со идентичен изговор, но различен правопис. Тие, се разбира имаат различни значења.

Примери:

meet/meat, by/buy/bye, son/sun, waste/waist, through/threw, write/right, our/hour, then/than, here/hear.

Започнете да изучувате англиски јазик денес!

Креирајте бесплатна сметка и започнете да изучувате англиски денес!
Креирај сметка